Како WhatsApp може да ти помогне да останеш поврзан додека трае пандемијата на корона вирусот (COVID-19)
WhatsApp ти помага да се поврзеш со оние кои ти се најважни. Еве неколку од начините на кои можеш да го користиш WhatsApp за да се грижиш за пријателите и фамилијата, да бидеш во тек со најновите официјални здравствени информации, и одговорно да споделуваш информации. Доколку си нов корисник на WhatsApp или ти треба потсетување, еве чекор-по-чекор упатство како да започнеш.
Лидери на заедницата
Ние сме посветени да им обезбедиме поддршка на лидерите на заедницата како што ти одговараш на овој предизвик. Дознај како можеш да го користиш WhatsApp за информирање и останување во контакт со твојата заедница додека луѓето се загрижени за корона вирусот.
Искуства
Види како луѓето го користат WhatsApp за да се поврзат со нивните заедници во ова тешко време:
Во Пакистан, WhatsApp група собра 21 милион пакистански рупии за поддршка на најранливите од потонување во сиромаштија:
Прочитај ја статијата овде >Основни училишта во Неапол, Италија продолжуваат со образованието и покрај затворањето, користејќи го WhatsApp за достава на задачи до фамилиите:
Прочитај ја статијата овде >Програма за зајакнување на вработувањето во Јордан го користи WhatsApp за да ги држи жените мотивирани да најдат работа откако се појави корона вирусот:
Прочитај ја статијата овде >Здравствени работници во Париз формираат WhatsApp група за да ги добиваат најновите ажурирања за капацитетите на болниците:
Прочитај ја статијата овде >Преживеани од ропство во Индија користат WhatsApp групи за да ја подигнат свеста за корона вирусот помеѓу нивните врсници:
Прочитај ја статијата овде >