Прескокни до содржина
  • Апликации на
  • почетен екран
    • ПовикувањеРазмена на поракиГрупиСтатусКаналиMeta AIБезбедност
  • Приватност
  • Центар за помош
  • Блог
  • За бизнис
Преземи
Услови и политика за приватност2025 © WhatsApp LLC
Главна страница на WhatsAppГлавна страница на WhatsApp
    • Повикување

      Остани во контакт со глас и видео.

    • Размена на пораки

      Зборувај со налепници, гласовни пораки, GIF-слики и друго.

    • Групи

      Функции за размена на пораки што ти се потребни за да се поврзуваш во групи.

    • Канали

      Биди во тек со темите што ти се важни.

    • Meta AI

      Добивај помош за што било, сето тоа со безбедноста и приватноста на WhatsApp.

    • Статус

      Споделувај го твоето секојдневие со фотографии, видеа и гласовни белешки.

    • Безбедност

      Слоеви на заштита што ќе ти помогнат да ја зачуваш безбедноста.

  • Приватност
  • Центар за помош
  • Блог
  • За бизнис
  • Апликации
Најави сеПреземи

Како WhatsApp може да ви помогне да останете поврзани за време на пандемијата на коронавирус (КОВИД-19)

Здравствени работници

Во овој период на зголемена неизвесност и изолација, можеш да се поврзеш со пациентите и колегите на WhatsApp—истата алатка што веќе ја користат за да останат во контакт со пријателите и роднините.

Користи го WhatsApp одговорно кога комуницираш со клиентите. Комуницирај само со корисниците што ги познаваш и оние кои сакаат да примаат пораки од тебе, побарај од клиентите да го зачуваат твојот телефонски број во нивниот адресар и да избегнуваат испраќање автоматизирани или промотивни пораки во групите. Непочитувањето на овие препорачани едноставни практики може да доведе до поплаки од други корисници и евентуално блокирање на сметката.

За најдобро управување со повеќе прашања, објавување корисни информации, како што е работното време, и зачувување на често користените одговори, препорачуваме користење на апликацијата WhatsApp Business, која е бесплатна за преземање. Кликни тука за детално упатство за користењето на апликацијата WhatsApp Business. Ако треба да ја преместиш сметката од WhatsApp Messenger во апликацијата WhatsApp Business, кликни тука.

Преземи за твојот телефон

ANDROIDIPHONE

Остани во контакт со пациентите

Ако ги немаш телефонските броеви на пациентите, создај краток линк што пациентите ќе можат да го користат за да започнат приватен разговор на WhatsApp со тебе. Сподели го линкот преку е-пошта, Facebook-страница или кој било друг канал што не е јавен.

Истакни корисни препораки

Размисли за поставување сопствена порака за добредојде за пациентите да добиваат непосредни информации и ресурси кога ќе стапат во контакт со тебе.

Споделувај точни и навремени информации

Користи емитувачка листа за испраќање на една приватна порака до неколку контакти истовремено. Само контактите што те додале во именикот на телефонот, ќе ја добијат емитуваната порака.

Држи конференции на далечина

Користи шифрирани видео и гласовни повици за да се поврзеш со пациенти или колеги до кои е тешко да се дојде лично.*

Брзо одговарај на честите прашања

Зачувај и повторно користи ги пораките што ги испраќаш често за брзо одговарање на прашањата на пациентите.

Информирај и едуцирај ја заедницата

Со помош на статусот, можеш да објавуваш новости преку текстови, фотографии или видеа. Споделувај совети за препорачаните практики за хигиена и други начини за намалување на ширењето на вирусот.

Споделувај го тековното работно време

Провери дали пациентите се информирани за твојата достапност, особено ако работното време ти е приспособено на тековните локални потреби.

Постави очекувања за времето на одговор

Во периодите на презафатеност, извести ги пациентите кога може да очекуваат одговор со помош на автоматска порака за отсуство.

Остани во контакт со здравствениот тим

Користи групи и групни видеоповици за споделување на најновите податоци за пандемијата.

*Секој корисник на WhatsApp е должен да ја користи WhatsApp во согласност со важечките закони, вклучувајќи ги и законите за приватност и безбедност на здравствените податоци. WhatsApp не организира, ниту пружа здравствени услуги, така што не можеш да тврдиш дека WhatsApp е поврзана со твоите здравствени практики. WhatsApp не е замена за лични здравствени консултации со пациенти или за лекување на состојби што бараат итна медицинска помош, и не треба да се користи како регулиран медицински уред.

Ако имаш прашања поврзани со Информативниот центар за коронавирус на WhatsApp, контактирај нѐ.

Преземи
Главно лого на WhatsApp
Главно лого на WhatsApp
Преземи
Што правиме
ФункцииБлогБезбедностЗа бизнис
Кои сме ние
За насКариериЦентар за брендовиПриватност
Користи ја WhatsApp
AndroidiPhoneMac/PCWhatsApp Web
Ти треба помош?
Контактирај со насЦентар за помошАпликацииСоветници за безбедност
Преземи

2025 © WhatsApp LLC

Услови и политика за приватностМапа на страницата