Прескокни до содржина
  • Почетна
    • Приватна размена на поракиОстани во контактИзгради заедницаИзразувај сеWhatsApp за бизнис
  • Приватност
  • Центар за помош
  • Блог
Преземи
Услови за користење2023 © WhatsApp LLC
Главна страница на WhatsAppГлавна страница на WhatsApp
    • Испраќај приватни пораки

      Целосно шифрирање и контроли за приватност.

    • Остани во контакт

      Биди во контакт со клиентите глобално.

    • Изгради заедница

      Едноставни групни разговори.

    • Изразувај се

      Зборувај со налепници, гласовни пораки, GIF и друго.

    • WhatsApp Business

      Допри до клиентите од каде било.

  • Приватност
  • Центар за помош
  • Блог
WhatsApp WebПреземи

Како WhatsApp може да ви помогне да останете поврзани за време на пандемијата на коронавирус (КОВИД-19)

Локални бизниси

Како членови на заедниците на кои им пружате услуги, управувањето со бизнисот може да стане уште поголем предизвик во овој период на зголемена несигурност и изолација. Поврзи се со клиентите преку WhatsApp—истата алатка која веќе ја користат за да останат во контакт со пријателите и роднините.

Користи ја WhatsApp одговорно кога комуницираш со клиентите. Комуницирај само со корисниците што ги познаваш и оние кои сакаат да примаат пораки од тебе, побарај од клиентите да го зачуваат твојот телефонски број во нивниот именик и да избегнуваат испраќање автоматизирани или промотивни пораки во групите. Непочитувањето на овие препорачани едноставни практики може да доведе до поплаки од други корисници и евентуално блокирање на сметката.

За најдобро управување со повеќе прашања, објавување корисни информации на бизнис-профилот и споделување детали за твоите услуги во каталог, препорачуваме користење на апликацијата WhatsApp Business, која е бесплатна за преземање. Кликни тука за детално упатство за користењето на апликацијата WhatsApp Business. Ако треба да ја преместиш сметката од WhatsApp Messenger во апликацијата WhatsApp Business, кликни тука.

Преземи за твојот телефон

ANDROIDIPHONE

Остани во контакт со клиентите

Создај краток линк што клиентите ќе можат да го користат за да започнат разговор со тебе на WhatsApp. Сподели го линкот преку е-пошта, твојот веб-сајт, Facebook-страница или кои било други често употребувани канали.

Споделувај го тековното работно време

Проверувај дали клиентите се информирани за измените на твоето работно време. Користи го бизнис-профилот за да ги прикажуваш деновите и термините кога бизнисот е отворен.

Поставувај редовни ажурирања за достапноста на производите

Споделувај што е достапно со клиентите во реално време. Користи групи за да се поврзеш со најважните клиенти и ажурирај го каталогот за клиентите лесно да можат да видат што има на залиха.

Одржувај консултации на далечина

Користи шифрирани видео и гласовни повици за да се поврзеш со клиентите и да им ја пружиш истата услуга што се навикнати да ја добиваат лично.

Направи ги преземањата и испораките поефикасни

Како што сообраќајот и посетите во продавниците се намалуваат, преземањата и испораките може да се зголемат. Вклучи ја фунцијата за локација во живо на WhatsApp кога се приближуваш до адреса за испорака. Оваа функција ја споделува твојата локација со клиентите и овозможува брза и едноставна размена.

Одведи ги клиентите во твојата продавница

Се навикна клиентите да се воодушевуваат секој пат кога ќе ја посетат твојата продавница? Овозможи им виртуелна обиколка со нов статус.

Остани во контакт со вработените

Користи групии групни видеоповици за да соработуваш на далечина.

Ако имаш прашања поврзани со Информативниот центар за коронавирус на WhatsApp, контактирај нѐ.

Преземи
Главно лого на WhatsApp
Главно лого на WhatsAppПреземи
Што правимеФункцииБлогПриказниЗа бизнис
Кои сме ниеЗа насКариериЦентар за брендовиПриватност
Користи ја WhatsAppAndroidiPhoneMac/PCWhatsApp Web
Ти треба помош?Контактирајте со насЦентар за помошКоронавирусСоветници за безбедност
Преземи

2023 © WhatsApp LLC

Услови за користење