Уште од самиот почеток, ја создадовме WhatsApp за да можеш да одржуваш контакт со пријателите, да споделуваш витални информации за време на природни катастрофи, да се поврзеш повторно со разделените роднини, или да бараш подобар живот. Дел од твоите најинтимни моменти се споделуваат преку WhatsApp и затоа вградивме обострано шифрирање во нашата апликација. Кога се обострано шифрирани, твоите пораки, слики, видеа, гласовни пораки, документи и повици се заштитени од пристапот на злонамерни луѓе.
Обостраното шифрирање на WhatsApp се користи кога комуницираш со друго лице преку WhatsApp Messenger. Со обостраното шифрирање, само ти и личноста со која комуницираш можете да ги прочитате или слушнете испратените пораки, никој друг, дури ни WhatsApp. Причината за ова е дека со обостраното шифрирање, твоите пораки се обезбедени со катанец и само ти и примачот го имате специјалниот клуч за да ги отворите и прочитате. Сето ова се случува автоматски: нема потреба да вклучуваш какви било поставки или да поставуваш специјални тајни разговори за да ги обезбедиш пораките.
Секоја порака на WhatsApp е заштитена со истиот протокол за шифрирање на сигналот, кој ги обезбедува пораките пред да ги испратиш. Кога ќе испратиш порака до бизнис-сметка на WhatsApp, твојата порака пристига безбедно до дестинацијата избрана од бизнисот.
Разговорите со бизнисите што ја користат апликацијата WhatsApp Business или управуваат и чуваат пораки од клиентите, WhatsApp ги смета за обострано шифрирани. Штом ќе пристигнат пораките, секој бизнис управува со нив според своите политики за приватност. Бизнисот може да назначи одреден број вработени, па дури и други даватели на услуги, да ги прегледаат и да одговорат на пораките.
Некои бизниси1 ќе можат да изберат матичната компанија на WhatsApp, Meta, безбедно да ги чува пораките и да им одговара на клиентите. Можеш да контактираш со бизнисите во кое било време за да дознаеш повеќе за нивните политики за приватност.
Плаќањата на WhatsApp, кои се достапни во одредени земји, овозможуваат трансфери помеѓу сметки во финансиски институции. Броевите на картичките и банкарските сметки се чуваат шифрирани и во високообезбедена мрежа. Меѓутоа, овие плаќања не се обострано шифрирани бидејќи финансиските институции не можат да обработуваат трансакции без да добијат податоци поврзани со овие плаќања.
Сакаме да бидеме сигурни дека знаеш што се случува со твоите пораки на WhatsApp. Доколку не сакаш да добиваш пораки од некоја личност или бизнис, можеш да ги блокираш во кое било време директно од разговорот или да ги избришеш од твојата листа на контакти. Сакаме да бидеме сигурни дека разбираш како се ракува со твоите пораки и дека ги имаш потребните опции да ги донесеш вистинските одлуки за себе.
Јавувањето на WhatsApp ти овозможува приватна комуникација со пријателите и роднините, дури и ако се надвор од државата.
Пораките што се обострано шифрирани, откако ќе се испорачаат, се чуваат на твојот уред, но не и на серверите на WhatsApp.
WhatsApp ти овозможува да провериш дали повиците што ги воспоставуваш и пораките што ги праќаш, се обострано шифрирани. Треба само да го побараш индикаторот директно во разговорот, во податоците за контактот или во податоците за бизнисот.
Прочитај го деталното техничко објаснување за обостраното шифрирање на WhatsApp, изработено во соработка со Open Whisper Systems.
Проверувај ги Советите за безбедност коишто редовно се ажурираат.
1 Во 2021 г.