WhatsApp Совети за безбедност

Со оглед на личната природа на приватните пораки, твојата приватност и безбедност се важни за нас. Твоите пораки и повици автоматски се заштитени со шифрирање крај-до-крај за никој друг, дури ни WhatsApp, да не може да ги прочита или слушне.

Исто така, развивме и дополнителни опции кои можат да ти помогнат да останеш безбеден на WhatsApp.

Контролирај ги твоите поставки за приватност

Постави сликата на твојот профил, последно видено, и инфо, да можат да бидат видени од сите, само од контактите или од никого.

Блокирај непожелни корисници

Оневозможи некој да те контактира директно од разговор.

Побарај инфо за сметка

Добиј извештај за информациите и поставките на твојата WhatsApp сметка.

Исчисти пораки од разговор

Избриши ги сите пораки од индивидуални или групни разговори, или од сите разговори наеднаш.

Исклучи потврди за прочитано

Одбери дали некој може да види дека ги имаш прочитано нивните пораки.

Избриши и пријави СПАМ

Пријави СПАМ од апликацијата.

Напушти група

Напушти ја групата во секое време.

Вклучи дво-степена верификација

Создај шест-цифрен ПИН за овозможување на дополнителна безбедност.

Дополнителни ресурси

За дополнителни ресурси во врска со теми за безбедност на корисници, молиме посети ги овие ЧПП