Прескокни до содржина
  • Почетна страница
    • Приватна размена на поракиОстани во контактПоврзи се во групиИзрази сеСигурно согласно дизајнотСподелувај го секојдневиетоСледи канали
  • Приватност
  • Центар за помош
  • Блог
  • За бизнис
  • Преземи
Преземи
Услови и политика за приватност2025 © WhatsApp LLC
Главна страница на WhatsAppГлавна страница на WhatsApp
    • Приватна размена на пораки

      Целосно шифрирање и контроли за приватност.

    • Остани во контакт

      Праќај пораки и воспоставувај повици бесплатно* насекаде низ светот.

    • Поврзи се во групи

      Групната размена на пораки е поедноставена.

    • Изрази се

      Зборувај со налепници, гласовни пораки, GIF и друго.

    • Сигурно согласно дизајнот

      Слоеви на заштита кои ти помагаат да останеш безбеден/-на

    • Споделувај го секојдневието

      Споделувај фотографии, видеа, гласовни белешки на статус

    • Следи канали

      Остани ажуриран/-а за теми за кои се грижиш

  • Приватност
  • Центар за помош
  • Блог
  • За бизнис
  • Апликации
Најави сеПреземи

Одговарање на твоите прашања
за приватност на WhatsApp.

Нашиот основен фокус во WhatsApp е да им обезбедиме на три милијарди корисници ширум светот можност да комуницираат приватно. Како што нашата апликација се развива за да поддржува и деловни пораки, канали и Meta AI, ние одговараме на некои вообичаени прашања за тоа како функционираат овие функции и како продолжуваме да се надоврзуваме на долгогодишната работа за заштита на твојата приватност.

  • Прошири ги ситеСобери ги сите
  • Не, не можеме да ги видиме твоите лични пораки, без разлика дали тоа се разговори „еден на еден“ или групни разговори со пријателите, семејството, соучениците или други луѓе. Ги заштитуваме овие пораки со целосно шифрирање, користејќи го протоколот Signal, кој ги обезбедува твоите пораки пред да го напуштат уредот. Ова значи дека никој надвор од разговорот, дури ни WhatsApp или Meta, не може да ги чита, слуша или споделува. Може да дознаеш нешто повеќе за тоа како функционира целосното шифрирање овде.

    Има некои разлики кога станува збор за деловни пораки и Meta AI, што ќе ги објасниме подолу.

  • Со оглед на природата на тоа како функционираат бизнисите, правиме разлика во WhatsApp помеѓу личните пораки и оние со бизниси. Наместо пораки од мобилен телефон, бизнисите често имаат посложени операции што им овозможуваат на повеќе луѓе и на корисничката поддршка за ВИ да одговорат на барањата на клиентите. Ним им треба и место за зачувување и одговарање на пораките.

    Многу бизниси ја избираат Meta како нивен оператор за зачувување во облак. Поради оваа причина, не сметаме дека овие пораки се целосно шифрирани.

    Ги изградивме овие решенија затоа што луѓето сакаат да комуницираат со бизниси на WhatsApp и ова е побрза и поприватна алтернатива во однос на е-пошта или телефонски повици.

    Запомни кога комуницираш со бизнис, дека тој може да ги користи информациите што му ги даваш за свои маркетиншки цели, кои, на пример, може да вклучуваат рекламирање на Meta. Кога одреден бизнис ги користи услугите на Meta, ти прикажуваме сина системска порака во разговорот за да може да дознаеш повеќе.

  • Не можеме да ја видиме содржината на личните пораки бидејќи тие се целосно шифрирани. Покрај тоа, ние не водиме евиденција за тоа кому секој му испраќа пораки или го повикува. Сметаме дека водењето индивидуална евиденција за три милијарди корисници би било лошо за приватноста и затоа не го правиме тоа.

    Имаме можност да разбереме како се користат нашите функции за да може да продолжиме да ги подобруваме и имаме за цел да ги отстраниме личните детали кога го правиме тоа. Изградивме технологија која ги отстранува личните детали што може да се поврзат со конкретна личност или телефонски број, како што е објаснето овде.

    Работиме и на откривање непосакувана содржина или злоупотреба преку напредни автоматизирани системи и извештаи. На пример, корисникот кој испраќа 1000 пораки во минута е веројатно автоматизирана сметка за непосакувана содржина и ние ќе сакаме да му забраниме да користи WhatsApp. Во случаи на злоупотреба како оваа, имаме можност да видиме кој на кого му испраќа пораки откако ќе се идентификува проблемот.

    Бидејќи ја имаме оваа можност, понекогаш добиваме правни наредби да ги обезбедиме овие информации. Ние сме транспарентни за тоа како одговараме на валидни барања за спроведување на законот, а за ова повеќе може да дознаете овде.

  • Не можеме да ги видиме пораките испратени во групи со пријателите и семејството бидејќи тие се исто така целосно шифрирани.

    Знаеме кои телефонски броеви припаѓаат на која група за да може да ги испорачаме пораките на вистинското место. Ги знаеме и името, описот и сликата на профилот на групата, доколку постои. Ги користиме овие информации за да ги забраниме групите за кои мислиме дека се вклучени во навредливи активности, како што е споделување материјал за сексуална злоупотреба на деца. Нешто повеќе може да дознаеш овде.

  • Се потпираме на твоите IP-адреса и телефонски број за да ја процениме твојата општа (непрецизна) локација, како земја или град, за да овозможиме функции како плаќања или да се усогласиме со локалните закони и прописи.

    Покрај тоа, имаш можност да ја споделиш твојата вистинска прецизна локација со другите во разговор. Оваа функција се потпира на твојата вистинска GPS-локација и е заштитена со целосно шифрирање, така што ниту WhatsApp ниту Meta не може да ја видат.

  • Со целосно шифрирање, никој не може да ги види твоите лични пораки, вклучувајќи ги и WhatsApp и Meta. Се потпираме на Meta технологијата за поддршка на луѓето ширум светот со брзи и доверливи услуги, но сепак пристапот до личните податоци на WhatsApp е ограничен, така што тие не можат да се користат од други апликации на Meta - ова вклучува и за реклами - освен ако не е за една од трите специфични цели: 1) да одредиме колку луѓе опслужуваме, а го правиме тоа затоа што сме јавна компанија и треба да ги пријавиме овие информации; 2) да им помогнеме на луѓето да бидат безбедни, што мислиме дека е важно; и 3) да ти обезбедиме незадолжителни функции, како што се плаќања, Meta AI или Центар за сметки што работи на производите на Meta. Може да дознаеш повеќе овде.

  • Доколку сакаш, може да ја додадеш твојата сметка на WhatsApp во Центар за сметки со постојна сметка на Facebook или Instagram. Ова е незадолжителна функција, што овозможува поврзани искуства низ апликацијата. Со поврзување на твоите сметки, може лесно да го споделиш твојот статус создаден на WhatsApp преку Приказни на Facebook или Instagram и дополнително да ја персонализираш Meta AI со информациите што си ги споделил/-а со тие апликации. Други апликации на Meta ќе добијат информации за тебе за да ги овозможат овие искуства. Но, повторно, твоите лични пораки и повици остануваат целосно шифрирани и се забранети за реклами.

  • Луѓето се навистина возбудени да експериментираат и да ги истражуваат можностите на Meta AI, а WhatsApp е еден од најпопуларните начини на кои луѓето ја користат ВИ на глобално ниво. Користењето на Meta AI е целосно незадолжително на WhatsApp. Мора да преземеш дејство за да го започнеш разговорот со отворање на разговор или испраќање порака до ВИ. Ако избереш да разговараш со Meta AI, директно или во твоите групи, тогаш Meta го добива она што ти или другите го испраќате. Повторно, твоите лични пораки се целосно шифрирани и не се гледаат од Meta AI.

  • Може да користиш WhatsApp без да користиш Meta AI, така што тој не знае ништо. Но, штом ќе почнеш да разменуваш пораки со Meta AI, тогаш таа дознава што испраќаш, слично на она што може да го испратиш на некоја личност или бизнис. Треба да го испратиш до Meta AI само она што сакаш да го запамети. Meta AI е „вклучена“ само кога ќе избереш да ѝ испратиш порака и само ти или некој учесник во групата може да го иницира ова, а не Meta или WhatsApp. Создадовме многу контроли за приватност за оние кои испраќаат пораки до Meta AI. Може да дознаеш повеќе овде.

    Покрај тоа, ние сме пионери во однос на тоа како луѓето може да ги користат можностите на ВИ на начин кој ја заштитува приватноста за испорака на корисни резимеа на нивните пораки и други алатки за ВИ без да може да ги читаат WhatsApp или Meta.

  • Ако користиш WhatsApp само за пораки со пријателите и семејството, тогаш нема да гледаш реклами. Ако ја користиш картичката „Ажурирања“, ќе ти ги прикажеме Промовираните канали, како и бизнисите до кои можеш да испратиш порака, што ставаат реклами во статус. Во овој случај, информациите што се користат за прикажување реклами се потпираат на ограничени информации како што се твојата земја или град, јазикот, каналите што ги следиш и како комуницираш со рекламите што ги гледаш. Ако избереш да ја поврзеш твојата сметка на WhatsApp со Facebook и Instagram, ние исто така ги користиме информациите и од таму. Твоите лични пораки се целосно забранети за сѐ што е поврзано со реклами. Може да дознаеш нешто повеќе овде.

  • Не, не ги слушаме. Твоите лични пораки, повици и статуси се целосно шифрирани. Ниту WhatsApp ниту Meta не можат да ги видат или слушнат, а ние не ги користиме за да ти прикажуваме реклами.

  • Да, тоа е суштината на нашата мисија, да го заштитиме правото на луѓето на приватни разговори. Се спротивставивме на владите кои се обидоа да наметнат „задни врати“ во нашите системи или да ја ослабат приватноста преку други несоодветни идеи како „скенирање од страна на клиентот“ и „следливост“.

    Дополнително, нашите тимови успешно ги идентификуваа и отфрлија нападите врз нашите системи и корисници и настојуваме да ги повикаме напаѓачите на одговорност. WhatsApp беше првата организација која успешно побарала одговорност од компанија со комерцијален шпионски софтвер, одговорна според американскиот закон за обид за шпионирање на мобилни уреди на луѓе. Ова беше важно дејство за барање правда и заштита од идни напади, без разлика дали тие се против нас или други технолошки компании.

    Ние ќе продолжиме да се залагаме за твојата приватност.

Преземи
Главно лого на WhatsApp
Главно лого на WhatsApp
Преземи
Што правиме
ФункцииБлогБезбедностЗа бизнис
Кои сме ние
За насКариериЦентар за брендовиПриватност
Користи ја WhatsApp
AndroidiPhoneMac/PCWhatsApp Web
Ти треба помош?
Контактирај со насЦентар за помошАпликацииСоветници за безбедност
Преземи

2025 © WhatsApp LLC

Услови и политика за приватност
Мапа на страницата