Добиј помош со Meta AI, без разлика дали претпочиташ текст или глас – од решавање математичка задача до уредување фотографија или наоѓање ресторан за кој сите во групниот разговор ќе се согласат.
Оживеј ги твоите идеи користејќи Meta AI за уредување на твоите фотографии или создавај нови фотографии генерирани од ВИ за да ги користиш како икона на твојата група, да ги поставуваш како заднина на твојот видеоповик или да ги испраќаш во разговор.
Кога непрочитаните пораки ќе почнат да се натрупуваат, Meta AI може да ти помогне брзо да ги резимираш, па може веднаш да се вратиш во разговорот. Технологијата за приватна обработка ѝ овозможува на Meta AI да ги обработува твоите пораки без Meta или WhatsApp да може да ги прочитаат.
Ти контролираш како ќе ги користиш искуствата со ВИ достапни преку WhatsApp. Како и секогаш, твоите лични пораки и повици се заштитени со целосно шифрирање. За функциите што ги користат твоите лични пораки, технологијата за приватна обработка ѝ овозможува на Meta AI да генерира одговори без Meta или WhatsApp да може да ги читаат твоите пораки.
Meta AI е подготвена да помогне и има толку многу начини како да ја користиш – без разлика дали прашуваш директно во разговорот или истражуваш други искуства со ВИ во WhatsApp.
Разговарај со Meta AI за да учиш, создаваш и истражуваш. Од истражување на твојата следна дестинација за одмор до пишување порака со вистинските зборови, Meta AI може да ти помогне.
Користи ја Meta AI за да создадеш сѐ што ќе замислиш, да поставиш селфи и да се замислиш себеси во секое сценарио и да ги споделиш резултатите во твојот групен разговор.
Направи твојата фотографија да изгледа токму онака како што сакаш. Побарај од Meta AI да додаде нова заднина, да отстрани предмет, да ја направи илустрација и друго.
Без разлика дали си фотографирал растение што не го препознаваш или ти треба помош за разбирање математички концепт, користи ја Meta AI за да научиш за она што е на твоите фотографии.