WhatsApp е брз, едноставен и сигурен начин за да зборуваш со било кого во светот. Повеќе од 2 милијарди луѓе во преку 180 држави го користат WhatsApp за да бидат во контакт со пријателите и фамилијата, во секое време и секаде. WhatsApp не само што е бесплатен, туку е достапен и на повеќе мобилни платформи, како и во региони со ниска конекција — што го прави достапен и сигурен каде и да си. Ова е едноставен и безбеден начин да ги споделиш твоите омилени моменти, испратиш важни информации или да бидеш во тек со пријателите. WhatsApp помага на луѓето да се поврзат и да можат да споделат без разлика каде се наоѓаат во светот.
WhatsApp со гордост е работодавaч што пружа подеднакви шанси на сите и ја поддржува програмата „Потврдна акција“. Ние не дискриминираме според раса, религија, боја, национално потекло, пол (вклучувајќи и бременост, раѓање, одлуки за репродуктивното здравје или слични медицински состојби), сексуална ориентација, родов идентитет, родова експресија, возраст, статус како заштитен ветеран, статус како лице со попреченост, генетски информации, политички погледи или активност или други соодветни, правно заштитени карактеристики. Овде може да ја погледнеш нашата објава за вработување со подеднакви шанси. Им пружаме шанса и на квалификувани апликанти со криминална историја, во согласност со сојузните, државните и локалните закони. Може да ги употребиме твоите податоци за подобра сигурност и безбедност на Facebook и нивните вработени, а и други во согласност со законот. Може да ги погледнеш Политиката за транспарентна плата и објавата Подеднаквите шанси за вработување се закон на Facebook ако кликнеш на соодветните линкови. Згора на тоа, WhatsApp учествува и во програмата E-Verify во одредени локации, согласно законот.
WhatsApp е посветена на понудата на разумно сместување на кандидати со попреченост во нашиот процес за регрутација. Известете нѐ на accommodations-ext@fb.com ако ви треба помош или сместување поради попреченост.