Праќај пораки на пријателите и на роднините бесплатно*. WhatsApp ја користи интернет-врската на твојот телефон за да праќа пораки, со што ги избегнуваш трошоците за SMS-пораки
.
Контактирај со најблискиот круг на луѓе, како што се роднините и колегите. Во групните разговори, можеш да споделуваш пораки, слики и видеа со дури 256 луѓе наеднаш. Исто така, можеш да ја именуваш твојата група, да ги исклучиш или да ги приспособиш известувањата и друго.
Со WhatsApp за веб и десктоп, можеш едноставно да ги синхронизираш сите твои разговори на твојот компјутер, со што ќе можеш да разговараш на кој било уред. Преземи ја десктоп апликацијата или кликни на web.whatsapp.com за да започнеш
Со гласовните повици, можеш да зборуваш со пријателите и со роднините бесплатно*, дури и ако се наоѓаат во друга држава. А со бесплатните* видео повици, ќе можеш да имаш разговори лице-в-лице кога гласовните повици или пораките едноставно не се доволни. WhatsApp гласовните и видео повици ја користат интернет-врската на твојот телефон наместо импулсите, така што не мора да се грижиш за високи сметки за повиците.
Дел од твоите најинтимни моменти се споделуваат преку WhatsApp и затоа вградивме обострано шифрирање во најновата верзија на нашата апликација. Кога се обострано шифрирани, твоите пораки и повици се безбедни и можете да ги прочитате или слушнете само ти и личноста со која комуницираш, никој друг, ниту WhatsApp.
Праќај слики и видеа на WhatsApp во еден миг. Можеш и да ги зачуваш најзначајните моменти со вградената камера. Преку WhatsApp, сликите и видеата се испраќаат брзо, дури и кога имаш спора врска.
Понекогаш, твојот глас кажува сѐ. Со само еден допир, можеш да снимиш гласовна порака, совршена за поздрав набрзина или за подолга приказна.
Праќај PDF датотеки, документи, табели, презентации и друго, без да се мачиш со мејлови или апликации за споделување. Можеш да испраќаш документи со големина до 100 MB, така што лесно се споделува сѐ што треба и со кого треба.