Пораки

Едноставни, сигурни пораки

Испраќај пораки до пријателите и фамилијата бесплатно*. WhatsApp ја користи Интернет конекцијата на твојот телефон за да испраќа пораки, со што ги избегнуваш трошоците за SMS.
* Може да има трошоци за податоци. Контактирај го твојот оператор за повеќе детали.

Групен разговор

Гурпи за да останеш во контакт

Остани во контакт со групите на луѓе кои ти се најважни, како што се твојата фамилија или колегите. Со групните разговори, можеш да споделуваш пораки, слики и видеа со до 256 луѓе истовремено. Исто така, можеш да ја именуваш твојата група, замолкнеш или поставиш твои известувања, и повеќе.
Пријатели
Фамилија
Викенд

WhatsApp на Веб или Десктоп

Продолжи со разговорот

Со WhatsApp на веб и десктоп, можеш едноставно да ги синхронизираш сите твои разговори на твојот компјутер, со што ќе можеш да разговараш на кој уред најмногу ти одговара. Симни ја десктоп апликацијата или посети ја web.whatsapp.com за да започнеш.

WhatsApp гласовни и видео повици

Зборувај слободно

Со гласовните повици, можеш да зборуваш со твоите пријатели и фамилијата бесплатно*, дури и ако се наоѓаат во друга држава. Додека со бесплатните* видео повици, ќе можеш да имаш лице-во-лице разговори кога гласовните повици или пораките едноставно не се доволни. WhatsApp гласовните и видео повиците ја користат Интернет конекцијата на твојот телефон наместо импулси, со што нема да мора да се грижиш за високи сметки за јавувања.
* Може да има трошоци за податоци. Контактирај го твојот оператор за повеќе детали.

Шифрирање крај-до-крај

Безбедност по дифолт

Дел од твоите најинтимни моменти се споделуваат преку WhatsApp, и затоа вградивме шифрирање крај-до-крај во најновата верзија на нашата апликација. Кога се шифрирани крај-до-крај, твоите пораки и повици се безбедни и само ти и личноста со која комуницираш можете да ги прочитате или слушате, и никој друг помеѓу, дури ни WhatsApp.

Слики и Видеа

Сподели моменти што значат

Испраќај слики и видеа на WhatsApp инстантно. Можеш и да ги зачуваш моментите што ти значат најмногу со вградената камера. Со WhatsApp, сликите и видеата се испраќаат брзо, дури и кога си на бавна конекција.

Гласовни пораки

Кажи си што ти стои на ум

Понекогаш, твојот глас кажува сѐ. Со само едно притискање, можеш да снимиш Гласовна порака, совршена за поздрав набрзина или подолга приказна.

Документи

Едноставно споделување документи

Испраќај PDF, документи, табели, презентации и повеќе, без потреба од мејлови или апликации за споделување. Можеш да испраќаш документи со големина до 100 МБ, со што е лесно да испратиш што треба до кого треба.