Прескокни до содржина
  • Почетна страница
    • Приватна размена на поракиОстани во контактПоврзи се во групиИзрази сеWhatsApp за бизнис
  • Приватност
  • Центар за помош
  • Блог
  • За бизнис
  • Преземи
Преземи
Услови и политика за приватност2025 © WhatsApp LLC
Главна страница на WhatsAppГлавна страница на WhatsApp
    • Приватна размена на пораки

      Целосно шифрирање и контроли за приватност.

    • Остани во контакт

      Праќај пораки и воспоставувај повици бесплатно* насекаде низ светот.

    • Поврзи се во групи

      Групната размена на пораки е поедноставена.

    • Изрази се

      Зборувај со налепници, гласовни пораки, GIF и друго.

    • WhatsApp business

      Допри до клиентите од каде било.

  • Приватност
  • Центар за помош
  • Блог
  • За бизнис
  • Апликации
Најави сеПреземи

Како да започнеш на WhatsApp Messenger

Преземи и постави ја WhatsApp

1. Преземи и стартувај ја апликацијата: Преземи ја WhatsApp Messenger бесплатно од Google Play Store или од Apple App Store. За да ја отвориш апликацијата, допри на иконата WhatsApp на почетниот екран.

2. Прегледај ги Условите на користење: Прочитај ги Условите на користење и Политиката за приватност, а потоа допри на Прифати и продолжи за да ги прифатиш условите.

3. Регистрирај се: Избери ја својата држава од паѓачкиот список за да го додадеш кодот на државата, а потоа внеси го телефонскиот број во формат на меѓународен телефонски број. Допри на Готово или на Следно, а потоа допри на Во ред за да добиеш 6-цифрен код за регистрација преку СМС или преку телефонски повик. За да ја завршиш регистрацијата, внеси го 6-цифрениот код. Дознај како да го регистрираш телефонскиот број на Android, iPhone или на KaiOS.

4. Постави го профилот: Во новиот профил, внеси го името, а потоа допри на Следно. Може да додадеш и фотографија на профилот.

5. Дозволи пристап до контактите и фотографиите: Контактите може да се додадат на WhatsApp од именикот на телефонот. Може да дозволиш пристап и до фотографиите, видеата и датотеките на телефонот.

6. Започни разговор: Допри на или на , а потоа побарај контакт за да започнеш. Внеси ја пораката во полето за текст. За да испраќаш фотографии и видеа, допри на или на до полето за текст. Избери Камера за да направиш нова фотографија или да снимиш видео, или на Галерија или Збирка со фотографии и видеаза да избереш постоечка фотографија или видео од телефонот. Потоа, допри на или на .

7. Создај група: Може да создадеш група со максимум 256 учесници. Допри на или на , а потоа на Нова група. Барај или избери контакти за да ги додадеш во групата, а потоа допри на Следно. Внеси наслов на групата и допри на или на Создај.

Различни начини на комуникација

  • Гласовни пораки: Ако не сакаш да пишуваш пораки, може да испратиш аудиоснимка. Допри и задржи на или на за да ја снимиш пораката. За да го запреш снимањето, тргни го прстот од микрофонот. Дознај како да испраќаш и да пушташ гласовни пораки на Android, iPhone или на KaiOS.
  • Гласовни повици: Појди во картичката Повици , а потоа допри на или на . Побарај го контактот на којшто сакаш да му се јавиш. Допри на или на за да започнеш гласовен повик. Дознај како да воспоставуваш гласовни повици на Android или на iPhone.
  • Видеоповици: Отвори ја картичката Повици , а потоа допри на или на . Најди го контактот на којшто сакаш да му се јавиш. За да започнеш видеоповик, допри на или на . Дознај како да воспоставуваш видеоповици на Android или на iPhone.

Безбедносни совети и корисни функции

Приспособи ги функциите за приватност и безбедност
WhatsApp ти олеснува да ги разбереш и да ги приспособиш приватноста и безбедноста. Дознај повеќе на нашата страница за приватност.

Провери ја веродостојноста на информациите што ги добиваш
Размисли дали пораките што ги добиваш се точни бидејќи не е вистинито сѐ што ќе слушнеш. Ако не знаеш кој ја испратил пораката што ти стигнала, ти препорачуваме да ја провериш веродостојноста на информацијата во организации за проверка на факти. Дознај повеќе како да го спречиш ширењето на дезинформации во овој напис.

Препратени пораки
За да го спречиш ширењето на дезинформации, го ограничуваме препраќањето пораки. Може лесно да ги препознаеш препратените пораки бидејќи имаат етикета Препратено . Кога пораката е препратена од еден на друг корисник повеќе пати, означена е со икона со двојна стрелка . Може да дознаеш за ограничувањето за препраќање пораки во овој напис.

Преземи
Главно лого на WhatsApp
Главно лого на WhatsApp
Преземи
Што правиме
ФункцииБлогБезбедностЗа бизнис
Кои сме ние
За насКариериЦентар за брендовиПриватност
Користи ја WhatsApp
AndroidiPhoneMac/PCWhatsApp Web
Ти треба помош?
Контактирај со насЦентар за помошАпликацииСоветници за безбедност
Преземи

2025 © WhatsApp LLC

Услови и политика за приватност
Мапа на страницата