WhatsApp Channels е едноставен и дискретен начин да дознаеш корисни новости од луѓе и организации кои ти се важни.
Истражи го Директориумот на канали и следи ги каналите за теми за кои се интересираш, независно дали станува збор за најнови информации за твоите омилени спортови или за секојдневни специјалитети од твојата локална пекарница. Добиј ексклузивен пристап до повеќе работи од оние кои ги сакаш со претплата на твоите омилени канали*.
* Оваа функција може да не е достапна за сите корисници.
Само ти може да видиш кои канали ги следиш. Твојот телефонски број останува приватен и само администраторите кои те зачувале како контакт може да го видат.
Каналите се во јазичето „Ажурирања“, подалеку од твоите лични разговори и повици и известувањата за каналите се стандардно замолкнати.
Сподели новости со глобална публика од повеќе милијарди и отклучи сигурен начин за вклучување и зголемување на твои следбеници на WhatsApp.
Објави ги приспособените налепници што може да ги преземе твојата публика, испраќај гласовни пораки за споделување вести или користи анкети за да ги поканиш следбениците да ги споделат своите размислувања.
Сподели ја врската за твојот канал или единствениот QR-код на твојот статус и во твоите лични разговори, за повеќе луѓе да може да го најдат твојот канал.
Сподели ексклузивни новости во истиот момент, со твоите најангажирани следбеници додека заработуваш пари, директно на WhatsApp.
* Оваа функција може да не е достапна за сите корисници.