WhatsApp Business е бесплатна за преземање и наменета е за сопственици на мали бизниси. Апликацијава ти помага полесно да се поврзеш лично со клиентите, да ги истакнеш твоите производи и да им ги одговараш прашањата при купувањето. Создај каталог за да ги прикажеш твоите производи и услуги и користи специјални алатки за автоматизација, сортирање и брзо одговарање на пораки.
WhatsApp може да им послужи и на средните и големи бизниси за да понудат корисничка поддршка и да испраќаат важни известувања до клиентите. Дознај повеќе за WhatsApp Business API.
Создај профил на бизнисот со корисни податоци за твоите клиенти како што се адресата, опис на бизнисот, адреса на е-пошта и веб-сајт.
Брзите одговори ти овозможуваат да заштедиш време и да ги искористиш пораките што често ги праќаш за да можеш полесно и побрзо да одговараш на честите прашања.
Организирај ги контактите или разговорите со етикети, за да можеш полесно да ги најдеш пак.
Постави порака во отсуство, кога не можеш да им одговориш на клиентите, за да знаат кога да очекуваат одговор. Може да создадеш и порака за поздрав, за да ги запознаеш клиентите со твојот бизнис.