WhatsApp Безбедност

Приватноста и Безбедноста се во нашата ДНК

Уште од прв ден, го изградивме WhatsApp за да ти помогне да останеш во контакт со пријателите, споделиш витални информации за време на природни катастрофи, повторно поврзеш раздвоени фамилии, или да бараш подобар живот. Дел од твоите најприватни моменти се споделуваат со WhatsApp и тоа е причината поради која вградивме шифрирање крај-до-крај во најновата верзија на нашата апликација. Кога се шифрирани крај-до-крај, твоите пораки, слики, видеа, гласовни пораки, документи и повици се обезбедени за да не паднат во погрешни раце.

Безбедност по дифолт

WhatsApp шифрирањето крај-до-крај е достапно кога ти и луѓето до кои испраќаш пораки ја користите најновата верзија на нашата апликација. Многу други апликации ги шифрираат пораките само од тебе кон сервисот, но шифрирањето крај-до-крај на WhatsApp осигурува дека единствено ти и личноста со која комуницираш ќе можете да прочитате што е испратено, и никој друг измеѓу, дури ни WhatsApp. Ова е бидејќи твоите пораки се обезбедени со клуч, и само примачот и ти го имате специјалниот клуч за да ги отклучите и прочитате. За дополнителна заштита, секоја порака што ја испраќаш има свој уникатен клуч. Сѐ ова се случува автоматски: нема потреба од вклучување било какви поставки или тајни разговори за да ги обезбедиш твоите пораки.

Зборувај слободно

WhatsApp јавувањата ти овозможуваат да зборуваш со твоите пријатели и фамилијата, дури и ако се во друга држава. Исто како и твоите пораки, и WhatsApp повиците се шифрирани крај-до-крај, и WhatsApp и трети лица не можат да ги слушаат.

Пораки кои остануваат со тебе

Твоите пораки треба да бидат во твои раце. Затоа WhatsApp не ги зачувува пораките на нашите сервери откако ќе ги достави, а шифрирањето крај-до-крај значи дека WhatsApp и трети лица не можат да ги читаат.

Провери

WhatsApp ти овозможува да провериш дали повиците што ги правиш и пораките што ги праќаш се шифрирани крај-до-крај. Едноставно побарај го индикаторот во инфо за контакт или инфо за група.

Види ги деталите

Прочитај детално техничко објаснување за WhatsApp шифрирањето крај-до-крај, изработено во соработка со Open Whisper Systems.