За WhatsApp

Нашата апликација

Повеќе од 1 милијарда луѓе во преку 180 држави го користат WhatsApp1 за да бидат во контакт со пријателите и фамилијата, во секое време и секаде. WhatsApp е бесплатен2 и овозможува едноставна, безбедна и сигурна комуникација и повици, достапен на телефони низ целиот свет.

1 И да, името WhatsApp е игра на зборови од фразата What's Up.

2 Може да постојат трошоци за податоци.

Нашата мисија

WhatsApp започна како алтернатива на SMS. Нашиот производ сега подржува праќање и примање на различни медиуми: текст, слики, видеа, документи, локации, како и гласовни повици. Нашите пораки и повици се обезбедени со шифрирање крај-до-крај, што значи дека трети лица, вклучувајќи го и WhatsApp, не можат да ги читаат или слушаат. Зад секоја наша одлука стои желбата да овозможиме луѓето да комуницираат секаде во светот без бариери.

Нашиот тим

WhatsApp е основан од Јан Коум и Брајан Актон, кои претходно вкупно потрошија 20 години во Yahoo. WhatsApp се приклучи кон Facebook во 2014, но продолжува да работи како одвоена апликација со ласерски фокус на градење на сервис за комуникација кој работи брзо и сигурно секаде во светот.