Како работи

WhatsApp Messenger е повеќе-платформска мобилна апликација за пораки која ти овозможува да разменуваш пораки без да треба да плаќаш за SMS. WhatsApp Messenger е достапен за iPhone, BlackBerry, Windows Phone, Android и Nokia и, да, сиве овие телефони можат да си праќаат пораки и меѓусебно! Бидејќи WhatsApp Messenger го користи истиот мобилен интернет што го употребуваш и за мејл и сурфање, немаш дополнителен трошок за да праќаш пораки и да останеш во контакт со твоите пријатели.

Згора на основното праќање пораки, корисниците на WhatsApp може да креираат групи, да си праќаат меѓусебно неограничено слики, видеа и аудио пораки.

Зошто ние не продаваме реклами

Advertising has us chasing cars and clothes, working jobs we hate so we can buy shit we dont need. - Tyler Durden, Fight Club

Брајан и јас потрошивме заедно 20 години во Yahoo! работејќи напорно за да ја одржиме страницата. И да, работејќи напорно на продавање реклами, бидејќи тоа е она што Yahoo! го правеше. Собираше податоци, послужуваше страници и продаваше реклами. Го гледавме Yahoo! како стануваше засенет по големина од Google...

Прочитај повеќе на нашиот блог